26 Април, 2024
0.0267

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Објавено во: Економија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека Илија Псалтиров во Варшава, Абдулџемил Саити во Минхен, Сузана Тунева во Анкара и Бекри Ајдини во Абу Даби ќе бидат првите економски советници што ќе бидат испратени во втората половина од годината како промотори во рамките на дипломатската мрежа.

Османи најави сеопфатна теоретска и практична обука за овие дипломати-промотори кои ќе треба да овозможат нови извозни пазари и да ја прикажат државата како атрактивна туристичка дестинација.Обуката ќе започне од понеделник.

- МНР има над 200-тини дипломати низ дипломатската мрежа, овие ќе бидат дел од таа мрежа, но како специфично профилирани чија дејност ќе се остварува во рамки на вкупните трошоци на мрежата. Мандатот на дипломатите е три години, но нивниот мандат ќе се евалуира на секоја година, рече Османи.

Тој смета дека концептот економски промотори порано не бил погрешен концепт, но дека претходниот кој сега е укинат имал многу системски слабости.

- По 2010 следува суштинска промена на извозната структура преку гринфилд-инвестициите. Тоа е резултат и на тоа што имавме промотори. Но имаше слабости на тој систем, што сега сакаме да ги коригираме. Комбинација од дипломатско искуство и економско знаење фалеше во претходниот период . Претходно беше некоординирано испраќањето само од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, смета министерот.

Четворицата ќе работат како посебни економски советници и физички ќе бидат сместени во амбасадите. Османи најави наскоро и економски советници во Светската трговска организација во Женева и во организацијата за земјоделство ФАО.




Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9