Прво повика да се твори и да се расположи народот, а потоа министерката изрази жалење ако повредила нечии чувства
Објавено во: Македонија 05 Август, 2022 17:23
Mинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на својот Фејсбук профил се доојаснуваше за изјавата која претходно ја даде, а која поттина реакции.
Таа зборуваше дека треба да се создаваат дела си повреди содржини, на што граѓани и уметници реагираа. Некои коментираа со доза на сарказам, а други сметаат дека министерката треба да знае дека уметноста е своевиден бунт.
Министерката тврди дека нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура.
„Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања“, објави Костадиновска-Стојчевска.

Таа вели дека жали ако со својата изјава повредила нечии чувства, но додава дека слободата на уметникот е огромна.
„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро“, посочи министерката во разговорот за Гласот на Америка.
Таа говореше на тема дали е можна цензура врз домашното творештво поради одредбите за укинување на поддршката за домашни уметнички дела што не се во согласност со правилата за спречување на говорот на омраза, во согласност со Договорот за добрососедство со Бугарија.
фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




