ПРВ ПОЛОШ РЕЈТИНГ ЗА САД ОД 1917 ГОДИНА - Агенцијата „Мудис“ ѝ го намали кредитниот рејтинг од „ААА“ на „Аа1“
Објавено во: Финансии 17 Мај, 2025 14:59
Влијателната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од „ААА“ на „Аа1“, наведувајќи дека последователните администрации не успеале да ги намалат растечките дефицити и каматните трошоци.
Агенцијата во соопштението наведува дека намалувањето на рејтингот го одразува „зголемувањето на долгот и каматните обврски на американската влада во текот на последната деценија на нивоа што се значително повисоки од оние на другите суверени земји со слични рејтинзи“, објави Би-Би-Си.
Кредитниот рејтинг „ААА“ означува највисоко можно ниво на финансиска сигурност на една земја, што значи дека земјата се смета за во „многу добра финансиска состојба“, со силен капацитет за отплата на долгот.
„Мудис“ веќе предупреди во 2023 година дека рејтингот „ААА“ на САД е загрозен, додека „Фич рејтингс“ и „С&П Глобал рејтингс“ веќе го намалија рејтингот на САД претходно - „Фич“ во 2023 година, а „С&П“ во 2011 година.
„Мудис“ одржува совршен кредитен рејтинг за САД од 1917 година. Како одговор на рејтингот на Мудис, Белата куќа соопшти дека е фокусирана на „поправање на хаосот од мандатот на поранешниот претседател Џо Бајден“.
Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, изјави дека доколку „Мудис“ имаше некаков кредибилитет, немаше да молчи додека се подготвуваше „фискалната катастрофа од последните четири години“.
Понискиот кредитен рејтинг значи дека земјата би можела да биде склона кон неплаќање на својот долг, а исто така би се соочила и со повисоки трошоци за задолжување.
Сепак, „Мудис“ забележа дека САД сè уште ја задржуваат „исклучителната кредитна сила“, како што се големината, отпорноста, динамичноста и континуираната улога на американскиот долар како глобална резервна валута.
Агенцијата, исто така, соопшти дека очекува федералниот долг на САД да се зголеми на околу 134 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година, во споредба со 98 проценти минатата година.
Податоците покажаа дека американската економија се намалила во првиот квартал од оваа година, бидејќи владините трошоци се намалиле, а увозот се зголемил, бидејќи компаниите „брзале“ да внесат стока во земјата пред да стапат во сила новите закони за царинска тарифа.
Според Министерството за трговија, економскиот пад изнесувал 0,3 проценти на годишна основа, што претставува остар пад во споредба со растот од 2,4 проценти во претходниот квартал.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




