07 Мај, 2024
0.0223

Прв петок со забрана за возила на Водно, како до таму?

Објавено во: Економија 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Ова ќе биде прв петок со забрана за движење на возила на Водно поради тоа што денеска е празник и неработен ден, па така важи истиот сообраќајен режим како и за време на викендот.

Забраната за движење возила на патот до Средно Водно важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

За да им излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да се рекреираат на Водно, Град Скопје воведе две нови пробни автобуски линии што сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно автобусите се полнат со патници на почетната станица и возат без застанување до Средно Водно.

Пробната линија со број 25А сообраќа на релација Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по улицата „Свети Кирил и Методиј“, булеварот „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно, по улицата „Свети Кирил и Методиј“, булеварот „Мајка Тереза“ и обратно. Возењето на трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Град Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Градските власти потсетуваат дека од 9 до 16 часот е забрането движењето со возила до Средно Водно и оти непочитувањето на оваа забрана ќе се казнува според Законот за безбедност на патишта на Република Македонија, според кој висината на казната изнесува 45 евра во денарска противвредност.

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на ЈСП „Скопје“, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, на штабовите за итни интервенции и на возилата со посебни одобренија.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот