16 Декември, 2025
0.0993

Протоколот ќе биде објавен кога ќе биде потпишан - Левица обвини дека власта го крие

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 17:24

Добивај вести на Viber

Oд политичката партија Левица велат дека Арбер Адеми отворено покажа дека власта го крие протоколот. 

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кажа дека Протоколот не се објавува под изговор дека истиот не е финализиран и потпишан.

„Во Општиот став на ЕУ, кој се однесува на отворање на преговорите со Македонија, јасно се упатува на член 12 од Договорот со Бугарија и на Протоколот, кој шминкерски се нарекува Годишен извештај или преглед. Со други зборови ПРОТОКОЛОТ Е ДЕЛ ОД „ФРАНЦУСКИОТ" ПРЕДЛОГ. Имајќи го ова предвид, како може Протоколот да не е финализиран, кога истиот е дел од „францускиот" предлог? Или пак ако истиот навистина не е финализиран, тогаш како Собрание ќе одлучува по „францускиот" предлог кога дел од тој предлог е нефинализиран Протокол? Основна карактеристика на демократија се информирани граѓани и носење одлуки транспарентно врз основа на информации. Денешната прес-конференција е класична прес-конференција на автократски режим чија цел не е да информира, туку да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации. Затоа ве повикуваме и денес, во 19 часот, да излеземе масовно на протест за да му кажеме НЕ на хибридниот режим и неговите автократски методи!“, велат од Левица. 

Адеми денеска изјави дека протоколот ќе биде објавен во јавност откако ќе биде потпишан.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење