09 Мај, 2024
0.0265

„Просветно Дело“ 75 години држи лекции во македонското издаваштво

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемите осум македонски издавачи лани направиле приходи од најмалку половина милион евра. Меѓу нив има три компании кои имаат приходи поголеми од 4 милиони евра. Една од трите постои 75 години и е синоним за македонската самобитност, државотворност. Тоа е „Просветно Дело“ компанија која може да се пофали дека ги образувала сите генерации Македонци од 1945 година наваму затоа што сите читале од нејзините книги и учебници. Другите две се нови релативно млади компании кои големите пари ги прават затоа што ги имаат авторските права за учебниците од основно и средно образование на Македонски јазик и на Албански јазик. Генерално голем „лајк“ за издавачите. Затоа што сите работат со добивки, а поголем дел од нив имаат профитна маргина која надминува 10 отсто.

„Просветно Дело“ е синоним за македонското издаваштво. Компанија темел и бедем на македонското образование. Во април годинава таа ќе одбележи 75 години како ги образува учениците и студентите во Македонија. Најстара успешна издавачка куќа основана во април 1945 година со акт на Президиумот на АСНОМ. „Просветно Дело“ е една од најголемите три домашни компании. Нејзиниот приход во 2018 година изнесувал 4,1 милиони евра. Добивката на крајот на годината била 19.300 евра. Резултатот на „Просветно Дело“ е многу значаен и голем кога ќе се стави во контекст фактот дека двете компании кои имаат поголеми приходи всушност се своевидни монополи во издаваштвото затоа што се сопственици на правата за учебниците од основно и од средно образование.

Од аспект на профит најуспешна издавачка компанија е тетовската фирма Арбериа Десигн сопственост на Хасим Хамзаи која со години наназад ги печати, продава и дистрибуира учебниците во основно и средно образование на Албански јазик. Во 2018 година оваа компанија остварила приход од 4,56 милиони евра, а профитот и изнесувал 3,48 милиони евра.

Компанија со најголеми приходи од издавачка дејност е скопската фирма Арс Ламина. Нејзините приходи изнесувале 4,6 милиони евра, а добивката во 2018 година е 742.000 евра. Компанијата има двајца сопственици: Дарко Фиданоски и Слободан Голубовски.

Уште пет домашни издавачи во 2018 година оствариле приход поголем од половина милион евра.

АРС Студио Тамара е издаваштво кое остварило приход од 614.000 евра и профит од 154.000 евра. Фирмата чиј сопственик е Тамара Јовановиќ – Нешовска има профитна маргина во која добивката е 25 отсто од остварените приходи.

Издавачки центар ТРИ остварило приход од 579.000 евра и добивка од 63.000 евра. И неговата добивка надминува 10 отсто од остварените приходи.

Матица Македонска работела дури поуспешно и од „Топер“. Во 2018 година оваа издавачка куќа со долга традиција остварила приход од 571.000 евра и добивка од 69.000 евра.

Издаваштво „Топер“ сопственост на Томислав Станојевиќ во 2018 година остварило приход од 564.000 евра и добивка од 58.000 евра. Компанијата работела со профитна маргина која надминува 10 отсто.

АЛБИ е најмал во однос на конкуренцијата според остварените приходи. Издаваштвото на Билјана Ангелова и на Александар Стефановски остварило профитна маргина од 10 отсто. Нејзините приходи за 2018 година изнесуваат 495.000 евра, а профитот е 49.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?