ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ ИЗНЕСУВАЛА 41.085 ДЕНАРИ - благ раст во споредба со март, но расте и на годишно ниво
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2024 12:46
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Во однос на претходниот месец, поточно во спордба со март 2024 година има зголемување. Имено во март просечната плата по вработен била 40.496 денари. Додека пак во февруари 39.276 денари, а јануари 39.542 денари.
Споредено со истиот месец минатата година, Државниот завод за статистика пресметал дека има раст, и притоа „индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7“.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство 18,6 проценти и Информации и комуникации 18 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство 6,3 отсто, Информации и комуникации 5,7 проценти и Транспорт и складирање 4,9 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.
Фото: Фактор
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




