Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра
Објавено во: Економија 09 Мај, 2025 07:50
Операторот на системот за пренос на електрична енергија АД МЕПСО во текот на минтатата година ги зголемил трошоците за плати на своите вработени за 26 отсто, што го покажуваат објавените извештаи на државното акционерско друштво.
Електроенергетскиот оператор во текот на 2024 за бруто плати за своите вработени потрошил точно 11 милиони евра, додека една година претходно овој трошок изнесувал 8.735.000 евра, а ова е прикажано во финансискиот биланс на друштвото.
За МЕПСО во 2024 работеле 658 вработени како просечен број, па ако сумата се подели и се конвертира, излегува дека просечната индивидуална месечна нето плата е 56.480 денари. Ако се спореди со само една година пред тоа, излегува дека просечната нето плата по вработен се зголемила за 7.762 денари на годишно ниво.
Ако во 2023 платите биле основа за 7 отсто од вкупните расходи, во 2024 тие биле дури 11 проценти од структурата на вкупните трошоци.
Компанијата минатата година ја завршила со 50 вработени повеќе, а во платите покрај редовното работење, влегувале ноќната и прекувремена работа, празници и дежурства.
„Масата од бруто плата на износ од 676.487.376 денари е исплатена на 658,83 просечен број на вработени пресметани според вкалкулирани часови за дванаесетте месеци од 2024. МЕПСО годината ја завршува со 625 фактички број на вработени. Во 2023 стварниот број на вработени изнесуваше 575 вработени“, објави МЕПСО.
За останати трошоци за вработените биле потрошени 757.000 евра, а тоа е прикажано како друг посебен расход. Пред една година била поделена слична сума - 647.000 евра како посебен трошок за вработените, како што е К-15, награди и друго.
МЕПСО минатата година остварил 108 милиони евра вкупни приходи, а прикажана е добивка од 8,6 милиони евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




