ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА: Две третини од работниците не ја земаат оваа сума
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2025 15:03
Има минимално зголемување на платите во Хрватска, но сепак повеќе работници не ја земаат просечната плата утврдена во државата.
Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за декември 2024 година изнесува 1.361 евро, а средната 1.156 евра, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика. Но, околу две третини од платите се потпросечни, јави Хина.
Просечната плата за декември е номинално пониска за 0,4, а реално за 0,5 отсто во однос на ноември, а номинално повисока за 14,3 и реално за 10,5 отсто во однос на платата за декември 2023 година. Просечната нето плата за декември е за 0,5 отсто пониска од ноември, а за 15 отсто повисока од истиот месец минатата година.
Десет отсто од вработените земале плата за декември до 747 евра, 20 отсто до 821 евро, а 30 отсто од вработените до 917 евра. Платата за 40 отсто од вработените во правните лица била и до 1.026 евра. Потоа следува просечна плата од 1.156 евра, што значи дека половина од вработените имале плата под, половина над просечната.
Платата на 60 отсто од вработените за декември изнесувала и до 1.308 евра, што е сепак помалку од просекот, а само седмата децила, која претставува 70 отсто од вработените, е над просекот и изнесува 1.488 евра.
foto freepik.com/kstudio
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




