27 Април, 2024
0.0264

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Објавено во: Економија 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Околу 1.050 евра е просечната месечна нето плата што ја делел лани регулаторот на телекомуникациските оператори во земјата за своите 140 вработени.

Ова го покажува пресметката од финансискиот извештај за 2023, каде што е објавено дека за нето-платите на вработените биле потрошени 107,2 милиони денари, односно за 4,65 отсто повеќе во однос на една година претходно.

Во завршната сметка пишува дека просечната вработеност во последниот месец од годината била 140. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во извештајот за работа наведува дека зголемениот трошок за платите се должи на зголемениот број на вработени, но не пишува за колку.

Инаку вкупно се потрошени 163.122.060 денари кои биле реализирани за изплата на бруто платите, а во 2022 трошоците за оваа ставка биле 155,8 милиони.

АЕК повремено објавува огласи во кои што се нуди почетна плата и до 90.000 денари, а понекогаш се бараат и работници без почетно искуство. Само пред нешто повеќе од една година бројот на вработени беше 120.

Претходно медиумите лани објавија дека АЕК важи за институција која вработува сопруги на поранешни и актуелни функционери. Таму работеле сопругата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потоа сопругите на поранешните генерални секретари на владата - Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, итн. Таму работи и снаата на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, како советник за компјутерски инциденти. Една година претходно таму се вработи и наставничка од музичкото училиште од Битола како соработник за информатички технологии.

АЕК потрошил 580 милиони денари вкупно во 2023, што е за 230 милиони помалку од една година претходно. Приходите, главно од телекомуникациските оператори, изнесувал 635 милиони. Тоа значи дека била остварена добивка од 55 милкиони.

Забележително е тоа што биле потрошени 150.000 евра како дневници за службени патувања, што е за 80 отсто годишно зголемување. 145.000 евра биле потрошени за К-15 и други награди што е годишно зголемување за дури 200 проценти.

28 милиони денари е трошокот за ангажирање на услуги од надворешни лица, што е за 10 отсто повеќе за една година. За компјутерска и мерна опрема се исплатени 103,7 милиони денари, или за 64,25 отсто повеќе.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба