05 Мај, 2024
0.0256

ПРОСЕЧНА ПЛАТА: Доволна само за преживување и рата од кредит

Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дека македонската плата стигнува само за сметки и едвај протуркување на месецот покажуваат и официјалните статистички податоци кои ги објавија надлежните служби.

22 294 денари изнесува просечната нето плата која граѓаните ја земале во август годинава.

Податоците на ДЗС бележат раст од 1,9 отсто во августовската плата годинава наспроти ланската.

Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во има во секторите:  Градежништво (10.9%), Административни и помошни услужни дејности (6.1%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.5%), додека нето платата забелжала пад во секторите: Информации и комуникации (3.2%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).

 1.2% од граѓаните во август пак не земале плата.

Просечниот износ на плата недоволен да се преживее месецот

Една просечна плата не е доволна за едно семејство да го протурка месецот. Според минималната синдикална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на просечно домаќинство му се потребни 32.325 денари. Оваа пресметка се однесува на февруари годинава, оттогаш ССМ ги нема обновено податоците.

Најголем дел од овие пари 13.427 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.464 денари или 32.5%, за хигиена 2.254 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7%, за облека и обувки 2.086 или 6.5%, за култура останувале 1.070 денари или 3.5%, а за здравство 684 денари или 2%.

Македонските плати најмали во регионот

Македонија е меѓу земјите со најниски плати.

Просечната плата во нашата земја е 358 евра (заклучно со последниот податок од Статистика), во Србија 375, БИХ 424, Црна Гора 488, Хрватска 752 и Словенија 1022 евра. Според податоци од 2015 година, во Албанија просечната плата е 357 евра, а во Косово според податоците од 2013 година просечната плата изнесува 364 евра. Овие податоци се од Државните заводи за статистика во земјите од регионот.

Во Европа по региони, платите се разликуваат. Во најповолна позиција се Западна Европа и Скандинавија каде месечните примања се над 2.000 евра. На врвот е Лихтенштајн каде износот е 5.314 евра. Во Швајцарија просекот е 3.994 евра, во Монако 3.436, Норвешка 3.212, Луксембург 3.149 евра.

Во Полска се заработува по 756 евра, Германија 2225, Франција 2.180, Шпанија 1734, Португалија 1001, Италија 1560, Унгарија 560, Литванија 585, Латвија 664, Естонија 903, Романија 457, Бугарија 376, Грција 1069 евра.

Сликата е различна во Источна Европа. Во Украина просечно граѓаните заработуваат 130 евра. Во Азарбејџан платите се 242 евра во просек, Казахстан 257 и Белорусија 272 евра.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот