13 Септември, 2024
0.0394

ПРОПАЃА БРАКОТ КАКО ИНСТИТУЦИЈА?: Еве колку деца се родени вонбрачно во Европа и во Македонија

Објавено во: Анализа 14 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Северна Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.

Речиси во цела Северна и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).

Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).

„Ландгеист“ забележува дека продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во Северна и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.

ФОТО:МИА


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОВО ДОБРО НЕ ИСПРЖИ: Идните лета уште пожешки

ЛЕТОВО ДОБРО НЕ ИСПРЖИ: Идните лета уште пожешки

СКОПЈЕ ЕДЕН ОД ГРАДОВИТЕ ОД СОСЕДСТВОТО КОИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Заедно со нас се Белград, Атина, Подгорица и Истанбул

СКОПЈЕ ЕДЕН ОД ГРАДОВИТЕ ОД СОСЕДСТВОТО КОИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Заедно со нас се Белград, Атина, Подгорица и Истанбул

ЕВЕ КОЛКУ Е БЕЗБЕДНО ДА ЛЕТАТЕ СО АВИОН: Што покажуваат податоците?

ЕВЕ КОЛКУ Е БЕЗБЕДНО ДА ЛЕТАТЕ СО АВИОН: Што покажуваат податоците?