05 Мај, 2024
0.0682

Пронајдени се избеганите од штипската болница кои беа на превентивни прегледи

Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Избеганите од Штипската болница, кои таму беа на прегледи доаѓајќи од подрачјата каде што има епидемија на корона вирусот, а при тоа преку скршен прозорец си заминаа од таму без дозвола, се пронајдени и повторно вратени на прегледи, потврди МВР - Штип.

Вчера попладне двете лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние. Едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Но неколку часа подоцна избегале од болницата. Станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Република Северна Македонија на граничниот премин Табановце.

МВР - Штип ги пронајде во нивниот дом во едно село во близина на Виница и повторно се ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома. 

Двајца пациенти попладнето скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија. Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија. Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува