18 Декември, 2025
0.1976

ПРОМЕНИ ВО БАЛАНСЕРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Eдна третина во јавниот сектор треба да бидат Албанци

Објавено во: Македонија 16 Август, 2022 19:29

Добивај вести на Viber

Министерството за информатичко општество и администрација пред неколку дена направи промени во балансерот за вработување во согласност со резултатите од последниот попис. 

Имено, во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби. Единствено е точен процентот на Власите во земјава.

Особена разлика се забележува кај Албанците, чиј процент во пописот изнесува 24,30 отсто, додека во балансерот пишува дури 31,54 отсто. Тоа значи дека според ваквата пресметка во државните институции ќе треба да се зголеми бројот на вработени Албанци за 7,24 отсто. Кај останатите заедници разликата е максимум половина процентен поен.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, е дециден дека не се работи за поинаква пресметка. За Сител објаснува дека во балансерот се користи истата методологија од 2016 година, само промена има во инпутот на податоците, кои до сега се земале од пописот од 2002-та, а сега се од ланскиот попис и како основа се зема вкупното население, а не само резидентното. Алити вели дека граѓаните кои не се изјасниле за својата етничка припадност во пописот, а кои претставуваат околу 6 отсто од вкупното население, се пропорционално распределени и додадени во графите на сите етникуми во балансерот и затоа се јавува разлика и несовпаѓање со бројките од пописот.

фото Влада

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето