27 Април, 2024
0.0267

Пролонгирано плаќањето на закупнина за земјоделско земјиште

Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска изјавија дека граѓаните кои имаат земјоделско земјиште во државна сопственост и имаат склучено договори за закуп плаќањето на закупнина за користење на земјоделско земјиште можат да ја извршат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година. - Согласно Законот за изменување и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште, се овозможува корисниците на закуп наместо плаќање на закупнината најдоцна до 31 декември во тековната година, истата да ја платат најдоцна до 31 јули во тековната година за претходната година. Воедно сакаме да потенцираме дека законските измени за плаќање на закупнината најдоцна до 31 јули во наредната година се однесува само за неплатената закупнина за тековната 2012 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади