29 Април, 2024
0.0246

ПроКредит Банка најавува полесен пристап до кредити за иновативни инвестиции

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

 ПроКредит банката ќе пласира 10 милиони евра на малите и средни претпријатија во Македонија како резултат на соработката со ЕИФ. Станува збор за кредити кои ќе бидат достапни за иновативни претпријатија кои сакаат да инвестираат во нови машини, опрема, проширување на производсвото или услугите, со кои ќе ја подобрат конкурентноста и ефикасноста во работењето или ќе отворат нови пазарни можности.

 Компаниите може да ги користат кредитите за инвестиции и во фиксни и во обртни средства. Најголемата предност е во делот на обезбедувањето на кредитот. Компаниите кои имаат значајни идеи за развој и планираат поголеми иновативни инвестиции сега ќе имаат пристап до кредити за кои е потребно многу помало обезбедување.

 “Како единствена специјализирана банка за мали и средни претпријатија сакаме да ги поддржиме претприемачите кои имаат одржива и иновативна  идеја. Знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Ние сме клучен партнер на бизнисите во ваквите инвестиции. Очекуваме овие средства да бидат значајна поддршка за перспективни претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат  и се шират на странските пазари и воведуваат нови и иновативни производи.’’ изјави  Стевче Кузмановски – Директор на Бизнис Сектор во ПроКредит Банка.

 ПроКредит е единствена банка во Македонија која ќе ги пласира овие средства за иновативните мали и средни бизниси. ЕИФ го потпиша овој договор со ПроКредит Групацијата со седиште во Германија бидејќи станува збор за специјализирана банка за работа со мали и средни претпријатија. Покрај Македонија кредитирањето ќе се реализира преку ПроКредит банките и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Романија и Србија согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ.

ПроКредит банките како резултат на нивната специјализиранот за работа со претпријатија и меѓународно распространетата мрежа, покрај поволните услови за кредитирање нудат и целосна поддршка на бизнисите во доменот на регионалното ширење на бизнисот и меѓунардниот платен промет.

Со ваквата поддршка на домашните мали и средни бизниси и стимулот за долгорочни инвестиции во иновации и модерна технологија, ПроКредит значајно придонесува за развојот на локалната економија.

Можеби ќе ве интересира

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА