ПроКредит Банка ја збогати својата мрежа во Скопје - се отвори новата модерна филијала во Аеродром
Објавено во: Мои пари 08 Август, 2024 11:29
По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, ПроКредит банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од ПроКредит тимот во населбата Аеродром, на булеварот Јане Сандански бр.109 А.
Новата филијала располага со модерен дизајн и нуди современо банкарско искуство во кое било време, без чекање ред за шалтер, благодарение на 24/7 Зоната. Современите банкомати нудат можност за уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет, како и користење на drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства за бизнисите коишто имаат потреба од оваа услуга.

Од ПроКредит велат дека продолжуваат со стратегијата за овозможување лесен и флексибилен пристап на клиентите до услугите на банката како и модернизација на својата мрежа со цел унапредување на дигиталните канали и персонализираното искуство на клиентите.
„Целта на оваа иницијатива за проширување на нашата мрежа е да понудиме уште поголема достапност на нашите современи дигитални услуги, како и достапност до тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски насоки, поддршка и брза услуга за сите банкарски потреби на нашите клиенти.

Модернизацијата на нашите филијали не само што го подобрува целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за нашите вработени, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство од работата во банката.“ - велат од ПроКредит Банка.

Сите информации за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




