24 Април, 2025
0.0284

ПРОИЗВЕДУВАМЕ СЕ ПОМАЛКУ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ: има намалување над 40 проценти, еве каде сѐ има пад

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 07:36

Добивај вести на Viber

Каде имаше најголем пад во индустриското производство минатиот месец. Кои сектори имаат најголемо намалување, а кои се со позитивни резултати.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека убедливо најголем пад имало кај производството на тутунски производи. Имено овој сектор бележи драстичен пад од високи 43 отсто во јуни.

Но, тие не се единствените, напротив голем пад има и во категоријата производство на компјутерски, електронски и оптички производи кој достигнал дури 37,8 проценти.

Како што објави државниот завод за статистика, имаме намалување на индустриското производство во јуни од дури 6,5 проценти, во споредба со истиот месец минатата година.

Но, она што особено се одвојува во овој извештај е фактот дека одредени сектори имаат значително поголем пад од вообичаеното.

Покрај категорија производство на тутунски производи и компјутерски или оптички производи, со голем пад се соочува и производството на фабрикувани метални производи, каде падот според објавата на статистичарите достигнува 35,1 отсто.

Високи 30,1 проценти намалување во производствоот бележи и секторот поправка и инсталирање на машини и опрема.

Пад во производството има во повеќе сектори, се издвојува и секторот производство на хемикалии и хемиски производи, каде има намалување од дури 24,4 проценти.

На слично ниво е и производство на метали каде има пад од 22 проценти, како и секторот производство на останата опрема за транспорт каде има пад од 20,1 отсто.

Под дваесет проценти пад на производството бележи секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 16, 7 проценти, а исто толкав пад има и секторот производство на останата опрема за транспорт. Нешто помал пад забележаа и производството на основни фарамацевтски производи каде има намалување од 15,3 проценти.

Спротивно на овие сектори, најголем раст е забележан во секторот печатење и продукција на снимени медиуми, каде имало зголемено производство од 20,6 отсто.

Последните месеци и години, индустирското производство бележи надолен тренд. Иако лани годината ја завршивме во позитива, тоа беше многу мал раст, додека 2022 година беше во негатива.

На месечна основа, оваа година, последните месеци се бележи поголем пад на индустириското производство. Па така во мај во споредба со претходната година забележан е пад од 13, 2 отсто, додека пак во април само 1,2 отсто. Во март, на годишна основа падот на индустриското производство изнесуваше 10,4 проценти.

Раст кај индустирското производство годинава имаше во првите два месеци од годината, но тоа беше многу мало, или поточно во јануари од само 2,8 проценти, додека во февруари 0,3 отсто.

Ако се погледнат податоците за цела година, се забележува една тенденција на намалено производстов. Имено, во текот на минатата година индустрискиот сектор имаше подеми и падови, и иако годината може да се каже дека заврши позитивно или со раст, сепак, тој раст е многу мал. На годишно ниво во 2023 година индустриското производство порасна за само 0,7 проценти во споредба со 2022 година. Додека 2022 година имаше намалено производство за 0,3 отсто во споредба со 2021 година.

П.О.

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

ЦАРИНИТЕ ЗА НИВ СЕ ЛУДОСТ И КАПРИЦ: Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници

СРПСКИ МЕДИУМИ: ДО ГРЦИЈА СЕГА ЌЕ СЕ СТИГНУВА МНОГУ ПОБРЗО - на граничниот премин Дојран отворени две нови ленти, зголемен е протокот на патници

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

Убави вести за акционерите на „Макпетрол“! За три месеци добивката е 2,78 милиони евра

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ БИДАТ ВЛОЖЕНИ ВО НОВИ ХОТЕЛИ: Во Хрватска доаѓаат Хајат, Хилтон, Мериот, Акор...

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра

Финансиска полиција откри „семкар“ кој затаил 200.000 евра

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

Атлантик Група: Силен раст на продажбата и профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

КИНА И САД ИМААТ МОЖНОСТ ЗА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Американскиот министер за финансии рече: „Ајде да го направиме тоа заедно“

КИНА И САД ИМААТ МОЖНОСТ ЗА ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: Американскиот министер за финансии рече: „Ајде да го направиме тоа заедно“