28 Април, 2024
0.0271

Произведувачите ни продаваат воздух

Објавено во: Балкан 04 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Предимензионираната амбалажа на атрактивни бои е нова карта на која заиграа произведувачите во Србија. На полиците има се повеќе производи  „ххл” пакувања, воглавно грицки и солени крекери, житарици и но друга роба од широка потрошувачка во кои буквално ни се продава воздух. Иако правилниците за декларација се испочитувани и нето грамажата е правилно наведена, преголемото пакување асоцира на поголема количина по ниска цена. Тоа купувачите како магнет ги привлекува при пакувањето асоцира на изборот на овие артикли, што според европските стандарди се третира како нечесна бизнис пракса, пишуваат српските медиуми.

Хрватската застапничка во Европскиот парламент Биљана Борзан  која во српската јавност е позната по тоа што побарала ист квалитет на производи за источниот и западниот пазар, се огласила и во овој случај.

„До кога трговците и произведувачите ќе ни продаваат воздух“, запрашала неодамна таа и потсетила дека Европскиот парламент уште пред пет години донел уредба за пакувања кои може да ги мамат потрошувачите и со тоа им се заканила на произведувачите да престанат со нечесна биснис навика.

Состојбата не е поинаква ни во Србија ниту пак кај нас. Слабата куповна моќ и просечна заработка од околу 370 евра, купувачите ги приморува да се раководат воглавно од цената.

Големината и обликот на амбалажата и тоа како влијаат на купувачите. Секако дека ќе посегнат за поголемо пакување, убедени дека тоа е поевтино. Овде проблемот е што половина од таа кеса е празна, а купувачите тоа не го знаат-вели за политика,рс Горан Паповиќ , претседател на Националта организација на потрошувачи во Србија.

Според законот јасно е дефинирано што е нечесна пракса, таа е казнива, како и уште многу други работи, меѓутоа прашање е колку тоа се спроведува. Паповиќ вели дека во оваа масовна трка за профит очигледно на произведувачите и трговците се им е дозволено.

„Тие подедкавно ја сносат одговорноста, а нашата препорака до купувачите е: посветете повеќе внимание при купувањето. Децата се најчести жртви на овој вид измама, мислејќи дека во пакувањето има повеќе од проидводот, па би требало на време да се обучат, бидејќи тие се наши идни купувачи“, вели Паповиќ и додава дека нивното здружение токму сега ја покренува кампањата „Чувај се од мачката во вреќа“ која ќе се занимава со најчести измами на пазарот.

Според пишувањето на регионалните медиуми, поразително е тоа што произведувачите практично со ваквата амбалажа не ги кршат прописите, бидејќи според правилниците на ЕУ е дозволено во кеса до 30 отсто да биде празна амбалажата, а дури и повеќе ако се работи за технички или хигиенски причини. Зарем не е лицемерно да се постават вакви правила кои директно ги кршат правата на потрошувачи, а одат во корист на индустријата?

Потрошувачките здруженија во регионот отишле чекор понатаму, па објавиле списоци на производи кои можат да ги доведат купувачите во заблуда, односно чии пакувања, кеси и кутии, се драстично поголеми од содржините во нив. На овој начин практично ги предупредуваат купувачите посебно да посветат внимание кога купуваат житарици, чипс, ориз, бомбониери,кекси, таблети за машинско перење садови, но и детергент за облека, и храна за мачки.

Во домашните прописи редакцијата на политика.рс не пронашла правило дека во пакувањето има простор за третина воздух, а за контрола на ваквото прашање на пазарот, како што им рекле, не се надлежни ниту инспекциите на Министерството за трговија, ни Министерството за земјоделство.

Изненадувачки е дека за ова не се размислува сериозно бидејќи „продавањето на воздухот“ е едно во низата со кои се мамат потрошувачите. Веќе стана навика намалувањето на грамажата, а задржувањето на истата амбалажа, па често се случува купувачите и да не знаат дека чоколадата одамна не тежи сто грама, а се променија и пакувањата на замрзнато овошје, млечни производи...

Можеби ќе ве интересира

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита