05 Мај, 2024
0.0221

Продолжуваат блокадите кај Росоман, лозарите си ги бараат парите за грозјето

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Веќе трет ден кавадаречките лозари го блокираа патот  Прилеп - Велес кај клучката во Росоман, незадоволни од продажбата на винарската визба „Винеа“. Тие бараат поништување на купопродажниот договор и исплата на парите за предаденото грозје. Според најавите, времетраењето на блокадите секој ден се зголемува, па патот денеска беше блокиран  од12 до 16 часот. Се пропуштаа само итните случаи. Денеска нив ги посетија градоначалниците на Кавадарци и Росоман кои изразија надеж дека судот позитивно ќе одговори по нивното барање за поништување на продажбата на визбата. „Не би изнесувал сега детали за тие аномалии. Ќе оставиме судот како независна институција да донесе решение денеска или утре. Но, со поништувањето на продажбата проблемите на лозарите не завршуваат. Апелирам до сопствениците на „Винеа“ доколку си ја вратат винаријата и ги платат долговите да ги имаат во предвид и обврските кон вас како лозари, рече кавадаречкиот градоначалник Александар Панов кој ги информираше лозарите дека ја имале поддршката од заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски. Лозарите и утре продолжуваат до протестите, од 12 до 17 часот повторно ќе биде блокирана клучката кај Росоман.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?