ПРОДАЖБАТА НА НЕДВИЖНИНИ ОПАЃА: Цените упорно растат, а секој четврти имот го купува странец, пресврт во Загреб, еве ги деталите
Објавено во: Економија, Балкан 26 Септември, 2023 09:24
Само во Загреб бројот на продажни трансакции е намален за повеќе од 20 отсто, па експертите предупредуваат на потребата од корекција на цените на недвижностите.
Цените на недвижностите низ Хрватска се уште се во пораст. Просечната цена на метар квадратен во Хрватска достигнува 2.326 евра, а во Загреб речиси 2.700.
Поради скапата нова градба, но и нереално високите цени на користените станови, прометот со недвижности бележи пад, пишува ХРТ.
Според податоците на Даночната управа, лани се евидентирани над 72 илјади продажби на станови и куќи, а околу 50 илјади до септември годинава. Само во Загреб бројот на трансакции е намален за повеќе од 20 отсто, па експертите предупредуваат на потребата од корекција на цените на недвижностите.
- Имаме се поголема неусогласеност меѓу бараните и реализираните цени, тоа е показател дека бараните цени се превисоки, апелираме пред се до сопствениците на користени станови да ги намалат своите очекувања бидејќи бележиме пад на прометот од 25 проценти од почетокот на оваа година - изјави агентот за недвижности Лана Михаљинец.
Речиси секој четврти недвижен имот во Хрватска го купуваат странци, но дури и тие почнаа да успоруваат во купувањето.
- Падот на трансакциите се однесува на цела Хрватска, некогаш повеќе, некогаш помалку. Во првата половина од годинава главни купувачи не беа Германците, туку Словенците. Ни се чини дека пазарот ќе продолжи да забавува, не очекува криза, но ќе има корекции на цените, изјави Дубравко Раниловиќ, претседател на Здружението за бизнис со недвижнини во ХГК.
Уште поскапите станбени кредити не им одат добро на купувачите, а проблеми има и во градежништвото со оглед на скапите цени на земјиштето.
Според одобренијата за градба издадени во јули, во Хрватска се градат околу 1150 станови, премалку за сите заинтересирани за кои недвижноста е најпрофитабилна инвестиција.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




