09 Мај, 2024
0.0419

Притисокот пресилен, руската Сбербанк напушта низа европски земји

Објавено во: Економија 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Руската Сбербанк планира да напушти низа европски земји поради сериозни потешкотии во бизнисот, изјавил претседателот на Управата на таа банка Херман Греф.

Како што наведува, сериозните потешкотии во работата произлегуваат од силниот регулаторен притисок поврзан со санкциите против Русија.

„Моментално ги оптимизираме нашите бизниси во Европа, а од низа земји ќе си заминеме. Во Европа е исклучително тешко да се работи под санкции“, рекол Греф .

„Таму (во Европа) сме под исклучително силен притисок на регулаторите. Иако на тој пазар не припаѓаме во редот на големи банки, зацврстени сме меѓу системски важни банки под директен надзор на ЕЦБ, а тоа сериозно ни го комплицира животот. За мала банка да ги сноси сите трошоци поврзани со директниот надзор на ЕЦБ над системски важните банки, не е едноставно“, рекол Греф.

Најавил поголема концентрација на пазарот на земјите од поранешниот Советски сојуз.

Европскиот бизнис на Сбербанк е организиран во групација на Сбербанк Европа со седиште во Виена откаде се управува со мрежа банки-ќерки во Словачка, Чешка, Унгарија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Украина и Германија. Освен тоа, Сбербанка работи преку ќерка фирма во Швајцарија.

Ова лето Сбербанка го продаде бизнисот во Словачка, но како што се наведува, најнеуспешен пазар за оваа банка станала Хрватска, каде во 2016 година властите ги обврзале банките повторно да ги пресметаат хипотеките на населението по стапка која не е профитабилна за банките, што довело до загуби, а уште 1,1 милијарди евра Сбербанка може да изгуби поради кредитот на Агрокор.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните