05 Декември, 2025
0.1136

ПРИСУСТВО НА КУЛТУРНИ И ДРУГИ НАСТАНИ САМО СО ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНА: Се размислува за вакви мерки од есен, најави Филипче

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2021 12:05

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче  денеска рече дека сериозно размислуваат за евентуални рестриктивни мерки за настани на кои има масовни присуства без разлика дали се на отворено или затворено, и како што рече присуство на такви настани би било овозможено само со сертификат за вакцина против корона вирусот.

-Гледајќи дека нема повеќе интерес за вакцинација преку електронскиот систем, овозможивме вакцинација и без закажување термини. До крајот на јули ќе има околу 500.000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани со една доза, и уште толку ревакцинирани, но апсолутно сметам дека тоа не е доволно, посебно со појавата на новите соеви. Ги користиме сите механизми за да го зголемиме интересот, здравствените работници вложуваат огромна енергија. Мора граѓаните да сфатат дека вакцинацијата е единствениот излез. Дозволете да констатирам, веќе размислуваме и за други алетрантивнио решенија од есен. На пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат за вакцинација, истакна министерот Филипче.

Посочи и дека активно се спроведува вакцинација во сите вакцинални пунктови, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови се спроведува вакцинацијата без закажување, како и теренската вакцинација, со која се олеснува пристапот до вакцините на жителите од руралните места.

Околу 30% од вкупниот број вакцинирани, изминативе два дена, се вакцинирани преку теренската вакцинација и тој систем ќе продолжи и понатаму. Околу 430 илјади граѓани се веќе вакцинирани, а 250 илјади се ревакцинирани, изјави Филипче.

А.Б.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите