08 Мај, 2024
0.0256

Природно е да има заболени и меѓу оние кои даваат помош: Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарската комора

Објавено во: Стил 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сакам да им се заблагодарам на сите здравствени работници и соработници, на колегите, и да кажам дека ние, од здравствениот сектор, им даваме добар пример на нашите сограѓани дека хуманоста се споделува, вели доцент д-р Калина Гривчева Старделова, интернист, гастроентерохепатолог и претседателка на Лекарската комора.

Не само кај нас, туку секаде во светот – лекарите, медицинските сестри, лабораториските истражувачи, севкупните болнички екипи се хероите на актуелново време на пандемија со коронавирусот.