Принцот нема милост, се менува животот на Арапите
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Саудијците ќе мора да научат како изгледа живот со данок, бидејќи властите најавија воведување на ДДВ.
Поради ниските цени на нафтата и последиците кои настанаа поради тоа, во Заливот, со договор на ММФ, ќе биде воведен Данок на додадена вредност.
Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта веќе морала да замрзне некои градежни проекти, да ги крати министерските плати во јавниот сектор како би се намалил рекорниот буџетски дефицит.
„Кралскиот декрет за ДДВ е подготвен“, пренесоа тамошните медиуми.
Прво ќе се најдат на удар производите како што се цигарите и енергетските пијалоци.