26 Април, 2024
0.0276

ПРИМЕНА Е ВО БОЛНИЦА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА - првата дама на Бугарија има аневризми по прележаниот ковид

Објавено во: Балкан 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Сопругата на бугарскиот претседател, Румен Радев, Десислава Радева, е примена во софиската болница „Свети Иван Рилски“ во тешка состојба, јавуваат повеќе бугарски медиуми. 

Медиумите се повикуваат на изјави од лекари во болницата, кои изјавиле дека нејзината состојба е сериозна, но засега стабилна. Официјални информации нема ниту од болницата, ниту од Кабинетот на Претседателот на Бугарија, Румен Радев.

На првата дама на Бугарија, како што известуваат бугарските медиуми, и биле направени сите испитувања, со цел да се превенира евентуално дополнително влошување на состојбата, но не ја исклучуваат можноста врз неа денеска да биде извршена и посериозна интервенција.

Радева била примена на невролошкиот оддел во болницата „Свети Иван Рилски“ во понеделникот попладне откако се пожалила дека 12 часа има силна и непрекината главоболка. Испитувањата и ангиографијата покажале дека таа има три аневризми во мозокот.

Во текот на вчерашниот ден преку интервенција врз артериите била направена и проверка на состојбата на аневризмите.

Аневризмите, според нив, се последица од прележаниот Ковид.

Десислава Радева беше позитивна на корона вирусот во средината на февруари. Тогаш таа и нејзиниот сопруг поминаа 10 дена во изолација и ги одложија сите предвидени активности во тој период.

Не е познато колку тешки биле симптомите и како таа се справила со болеста, но како што тврдат бугарските медиуми, оттогаш таа воопшто не се има појавено во јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син