Прилепчани, со среќа! Кој е новиот газда на Мермерен комбинат?
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2023 11:32
Фирма што управува со инвестициски фондови или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа ќе биде нов газда на прилепскиот Мермерен комбинат. Тоа е друштвото ЕЦМ Партнерс кое договорило превземање на грчката компанија Pavlidis S.A Marble – Granite која досега беше сопственик на прилепскиот Мермерен комбинат. Кој е новиот сопственик за чија сметка овие професнионални за превземање ја договориле купопродажбата може ќе дознаеме, но можеби и нема...
Една од најуспешните прилепски компании добива нов сопственик! Информацијата е официјална и е објавена на веб страната на Македонската берза, а станува збор за Мермерниот комбинат од Прилеп.
Ове е една од најуспешните компании која експлоатира мермер и во најголема мерка во пласира на странски пазари. Оваа прилепска компанија е еден голем нето извозник, а со тоа и обезбедувач на девизниот курс на нашата национална валута – денарот.
Акционерите на грчката компанија за преработка на мермер „Павлидис“ (Pavlidis S.A Marble – Granite) одлучиле да прифатат понуда за стратешко превземање и да ја продадат нивната компанија на интернационалното друштво за управување со фондови ЕЦМ Партнерс (ECM Partners).
Всушност грчката компанија „Павлидис“ е целосен сопственик на фирмата Stone Works Holding Coöperatief UA со седиште во Холандија која пак поседува 89 отсто од сите акции со право на глас во прилепската компанија.
Сега со превземањето на „Павлидис“ друштвото што управува со инвестициски фондови ЕМЦ Партнерс го превзема и раководењето во прилепската компанија.
Во оваа прилика е особено важно да се каже дека не мора да значи дека ЕМЦ Партнерс е новиот сопственик на прилепската компанија за обработка на мермер. Многу е веројатно дека станува збор за инвеститори во чие име и за чија сметка ЕМЦ Партнерс преговарал со акционерите на „Павлидис“ и договорил превземање на компанија со сите нејзини активи вклучувајќи ги тука и холандската компанија, а преку која го превзема и прилепскиот комбинат.
ЕМЦ Партнерс преку својата веб страница се претставува како водечка инвестициска компанија која управува или само посредува во вложувања кои значат превземање на бизниси во Југоисточна Европа. ЕМЦ Партнерс е основава во Словенија во 2015 година, а има свои канцеларии односно деловни операции во Кипар, Хрватска и од 2021 во Грција.
Според податоците достапни на нивната веб страница нивните деловни операции вредат 510 милиони евра (иако не е наведено дали тоа се однесува на 2022 или 2023 година).
Всушност се работи за активно учество во преговарање и посредување во инвестирање во различни бизниси за сметка и во име на нивни клиенти.
Прилепски Мермерен комбинат е одлична инвестиција затоа што е убедливо најпрофитабилна од рударските компании во земјава. Од приходите лани речиси половина останале како добивка. Во апсолутен износ 14,8 милиони евра.
За првите шест месеци во 2022 година неговата добивка е 6,4 милиони евра што е 44,7 отсто од целиот оперативен приход на ова друштво.
Р. Ф.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




