22 Април, 2025
0.0283

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

Објавено во: Македонија 22 Март, 2025 21:32

Добивај вести на Viber

Еден граѓанин преку фејсбук го споделува своето искуство како завршил и што се го снашло кога пријавил служење алкохол на малолетни лица после полноќ во ноќен клуб во земјава. 
„Пред две години пријавив присуство на малолетни лица (служење со алкохол на истите) по полноќ во еден ноќен клуб во Македонија. Иако јас можев да пријавам анонимно, не сум таков човек и згора над тоа бев сигурен дека пријавувам нешто за кое сум сигурен, пријавив со сите податоци (матичен број, број на лична карта итн.). Веднаш по мојата пријава пристигнаа две возила на МВР со по двајца службеници.

Службените лица, наместо да одат таму каде што е пријавен проблемот, идат кај мене и ми прават притисок да кажам кој ми е мотивот за пријавата, ми прават алкотест и ме убедуваат дека не сум во право.

Обезбедувањето на ноќниот клуб ја осети ситуацијата и настана нагло празнење на објектот. Еден полицаец легитимираше на влезот/излезот од ноќниот клуб а тројца полицајци ме чуваат мене да не им "избегам". Полнолетните излегуваат право на полицаецот а малолетните бегаат лево и десно. Им викам на овие што ме "чуваа" мене да одат таму да му помогнат на колегата дека не може да ги легитимира сите, а тие ми велат доволно е еден таму (како кај мене да беше проблемот и кај мене требаше да има повеќе од еден).

Ноќниот клуб затвори, гостите си заминаа, полицијата си замина, останав јас и обезбедувањето на ноќниот клуб кои знаеја дека јас им ја уништив забавата па ме пцуеја ми се закануваа, бараа мала реакција од мене за физичка пресметка. Јас, како што ме знаат повеќето од моите пријатели, останав и им предложив ако сакаат еден на еден за да биде фер пошто јас бев во друг град сам. Добро е што заврши ноќта без други проблеми.

Јас го заборавив настанот, но поштарот ме потсети. Добив покана за на суд во својство на обвинет. Обвинет за лажно пријавување на настан.

Одам на суд, и првиот муабет на судијата беше: ах бе дете, овде бараш правда? Ќе пишиме вика дека се каеш и ќе поминиш само со опомена. Во моментот сфатив дека сум изманипулиран и прифатив се само да не се влечкам по судови оти сфатив дека нема да сменам ништо.

Пресуда: Опомена

МВР не се задоволни од пресудата и даваат жалба на пресудата.

Одам на второ рочиште кај друг судија и ми вика не зборувај ништо знам се. Јас имав премногу обврски тој период и немав време да се занимавам со нашето правосудство и предложив да ме казнат со минимална казна за да се оправдаат и тие и јас (не е во мој стил ама ајде...)

Си ја платив казната иако бев во право.

Заклучокот од мојата пријава беше дека беа легитимирани 3 лица и сите беа полнолетни. Од 300 беа легитимирани само 3. Толку се разочарав што ги фрлив записниците во ѓубре“, пишува овој граѓанин.

Според фотографиите, тој е припадник на политичката партија Левица.


Можеби ќе ве интересира

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

ИМА НОВА ПРЕСМЕТКА: Љутков кажа кога вработените во култура ќе добијат плата

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА БИДЕ НА ТРИ ЈАЗИЦИ: Собранието наскоро ќе има ново лого

КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ: Тој потврди дека е одземен сеф

КРАЖБА ВО ДОМОТ НА ФАТМИР БИТИЌИ: Тој потврди дека е одземен сеф

ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Две милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка

ЈАХОСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР: Две милиони евра не беа доволни за да излезе од Шутка

ГРАЃАНИ И ФИРМИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВЕ ВИКААТ ЗА НАВОДНА ИСТРАГА, ИМА МНОГУ ЛАЖНИ ПОКАНИ - најново предупредување за измами од МВР

ГРАЃАНИ И ФИРМИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВЕ ВИКААТ ЗА НАВОДНА ИСТРАГА, ИМА МНОГУ ЛАЖНИ ПОКАНИ - најново предупредување за измами од МВР

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

Газдата на „Пуцко Петрол“ излегува од притвор ако даде парична гаранција

За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура

За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид

Француски туристи тешко повредени на патот Кичево - Охрид