14 Декември, 2025
0.0434

ПРИЈАТЕЛИ И КОЛЕГИ СО СТРАШНИ ЗБОРОВИ СЕ ЗБОГУВААТ СО АКТЕРОТ: Многу ѕвезди проговорија - Очајни поради смртта на Метју Пери

Објавено во: Свет, Стил 29 Октомври, 2023 11:25

Добивај вести на Viber

По веста за трагичната смрт на актерот Метју Пери, неговите колеги и пријатели ја изразуваат својата тага поради загубата.

Поранешните колеги и пријатели на починатиот актер Метју Пери изразија тага и очај поради неговата прерана смрт. Метју, најпознат по улогата на Чендлер, почина рано утринава во својот дом во Лос Анџелес, според неофицијални извештаи за сомнителен срцев удар додека бил во џакузи.

Познатиот 55-годишен актер бил пронајден мртов поради давење, а портпаролот на противпожарната служба изјавил дека биле повикани на помош на адресата на актерот, поради „итен случај на вода“, пренесува Гардијан.

Меги Вилер, која ја играше девојката на Чендлер, Џенис на „Пријатели“, зборуваше за трагедијата и рече дека „радоста што ја донесе Чендлер на толку многу во неговиот прекраток живот ќе трае“: „Се чувствувам благословена за секој креативен момент што го споделивме“, сподели таа на Инстаграм.

Нора Ферчајлд, која ја играше мајката на Чендлер, Нора Бинг, рече: „Срцето ми е скршено од прераната смрт на мојот „син“... загубата на толку талентиран млад актер е шок!

Се огласи дури и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој го познаваше Пери уште од мал, додека неговата мајка работеше за таткото на Џастин. „Никогаш нема да заборавам кога игравме во училишниот двор и знам дека луѓето ширум светот никогаш нема да ја заборават радоста што им ја донесе. Фала за смеата Метју, ти беше сакан и - ќе ти недостигаш!“ Трудо напиша на платформата X.

Актерката Селма Блер на Инстаграм изјави дека Пери е нејзиното „најдолго пријателство со маж“. "Сите го сакавме, а јас посебно. Го сакав безусловно, како што тој мене ме сакаше мене. Скршена сум, срцето ми е скршено. Слатки соништа Мети, слатки соништа", напишала Селма.

Актерката Мира Сорвино, која глумеше со него во филмот „Паралелни животи“ од 1994 година, изрази неверување и шок на мрежата „Икс“: „О, не!! Метју Пери!! Ти прекрасна, измачена душа! Се надевам дека ќе најдеш мир и среќа на небото , и дека со еден скок ќе ги насмеете сите“, оставајќи емотикон со скршено срце.

Засега неговите колеги и пријатели од истоимената серија јавно не ја објавија оваа тажна пригода.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм-Метју Пери

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина