13 Декември, 2025
0.0338

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИ СОВЕТ ДА СЕ РАЗРЕШУВА ЈАВНО: Еве што вели предлог законот за Судски совет

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2025 11:42

Добивај вести на Viber

Предлог Закон за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК е завршен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), информира Министерството за правда.

Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет.

Од МП, нагласуваат дека со оглед на обемноста на законските измени, речиси 2/3,  се преминало кон изработка на целосно ново законско решение и дека Предлог Законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија, а клучни новини кои ги предлага работната група се:

- Уредување на  постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет. Се предвидува јавност во постапката и таа не смее да биде исклучена во ниеден случај. Постапката за разрешување од функцијата претседател или заменик претседател се поведува од најмалку четири члена, а одлуката за разрешување се носи со најмалку 8 гласа. Против одлуката за разрешување на претседателот, односно заменик претседателот дозволено е право на тужба до Управниот суд. 

-Прецизирање на  условите кои треба да ги исполнат кандидатите за член на Судскиот совет кои ги избира Собранието на јавен оглас или на предлог од претседателот, особено во однос на појаснување на поимот „истакнат правник“ и потребните квалификации кои треба да ги поседуваат кандидатите.  Притоа како ,,Истакнат правник,, се подразбира дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит или универзитетски професор по право со најмалку седум години работно искуство во наставно-научно звање, да се истакнал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството, да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права, како и да ужива углед и да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет за што приложува најмалку три препораки од универзитетски професори по право, адвокати, поранешни или сегашни судии на Уставниот суд или на меѓународни судови, или лица/е а со најмалку 15 години работно искуство во правната професија по положен правосуден испит од кои две од лица кои припаѓаат на истата правна професија”.

-Зајакнување на принципите на јавност и транспарентност на постапката за избор на не-судски членови преку воспоставување на можност за јавна расправа на која кандидатите за член ќе може да се претстават  и ќе може да им се поставуваат прашања за нивното професионално искуство и стручност;

- Зајакнување на легитимитетот на процесот за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и појасно уредување на постапката за утврдување одговорност на член на Судски совет вклучувајќи и негово разрешување како и воспоставување обврска на Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите; 

-Како и други измени со кои се адресираат препораките од Оценската мисија и со кои се унапредува правната рамка.

Министерството за правда  претходно организираше повеќе јавни дебати за консултирање на стручната јавност со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес.


Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон