Добивај вести на Viber
Гери Хуанг заедно со членови од македонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации
Во неколку дневна посета на Македонија пристигна претседателот на Ротари г. Гери Хуанг кој денес и ќе учестува на гала вечерата на ова реномирана организација која ќе се одржи во х. Александар Палас. г. Гери Хуанг заедно со членови одмакедонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации со кои значајно се подобрија условите за учење и престој на овие деца.
Ротари е организација на волонтери, на повеќе од 1,2 милиони деловни лидери и лидери во другите професии кои се обединети во светот, со цел да изведуваат и подржуваат филантропија, како и да помогнат во градењето на добра воља, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Организирани во повеќе од 32 000 клубови во повеќе од 200 земји и географски области, Ротаријанците изведуваат проекти за да одговорат на денешните предизвици на современото живеење како што се неписменоста, болестите, гладот, сиромаштијата, недостатокот на чиста вода, негрижата за здрава околина и многу други, чие елиминирање станува суштински предуслов за хуманиот развој и за оддржувањеот на мирот во светот.
Иницијативата за формирање на првиот Ротари клуб во Чикаго, САД датира од 1905 година и при тоа наидува на голем интерес кај деловните луѓе и оние од другите професии и таа е прва светска организација на волонтери определена во интерес на основните човекови потреби. После првиот клуб, се формираат нови клубови во други градови и држави и следствено на основните начела, членовите на клубовите се среќаваат на неделните состаноци да ги планираат проектите, дискутираат разни прашања од локален, национален и меѓународен интерес и уживаат во градењето на меѓусебното пријателство. Ротари клубовите се неполитички и отворени за граѓани од сите раси, култури и религии.
Во областа на образованието, Ротари фондацијата обезбедува меѓународни стипендии за повеќе од 1000 студенти годишно кои студираат надвор од своето место на живеење и кои служат како културни амбасадори.
Еден од најзначајните проекти на Ротари е Полио Плус кампањата. Ротари клубовите со свое финансиско учество од преку 850 милиони американски долари и армија на волонтери имунизира повеќе од две милијарди деца во 122 земји во светот. Ротари е главниот партнер и лидер во Глобалната иницијатива за ерадикацијата на полиото, заедно со Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УС Центарот за контрола и превенција на болестите.