14 Декември, 2025
0.6453

Претседателката на КХВ поднесе оставка на три години пред истек на мандатот! Претежок ли е притисокот од случајот „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 09:29

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност од денеска останува без претседател. Нора Алити одлучи да замине без образложение. Го остави нерешен случајот во кој мали акционери бараа заштита од КХВ и обвинуваа дека се изиграни при тргувањето со акции на „Македонијатурист“.

Нора Алити, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), државен регулатор на пазарите за хартии од вредност, во петокот поднесе оставка од својата функција. Официјално денеска оставката на Алити ќе ја констатира републичкото Собрание.

Алити одлучи да го прекине својот мандат, наеднаш и на чудење на многумина, иако до неговиот истек има повеќе од три години. Ова е втор мандат на Алити која над седум години раководи со КХВ (Алити довербата за втор мандат ја доби од пратениците на претходниот собраниски состав во јуни 2023 година, н.з.).

Јавноста никогаш нема официјално да дознае зошто Нора Алити поднесе оставка. Алити во својата изјава не образложува од кои причини ја напушта функцијата. Во тоа што е јавно достапно, а е доставено до пратениците, единствено пишува дека Алити се повикува на член 183 ставовите 3 и 5 од Законот за хартии од вредност. Таму е предвидено дека Собранието констатира оставка доколку ја поднесе функционерот и при тоа се однесува и на местото претседател, но и на местото комисионер односно рамноправен член на телото кое ги носи одлуките во КХВ.

Нора Ахмети новинарската фела ќе ја памети како функционер кој ретко даваше интервјуа, а при тоа беше секогаш одмерена. Пред да стане претседател на КХВ Алити била функционер, а и пратеник од ДУИ.

Има ли поврзаност оставката на Алити со случајот „Македонијатурист“?

Таа дилема ќе продложи да лебди. Дали Алити била под притисок од заинтересирани страни во случајот „Македонијатурист“? Зошто одлучила да даде оставка пред да се огласи за обвинувањата со купопродажба на акции во „Македонијатурист“? Дали Доне Таневски имал ценовно-чувствителни информации и преговарал за продажба на неговите акции пред „Македонијатурист“ официјално да објави дека не поседува ценовно – чувствителни информации? А токму таква пријава до КХВ во ноември поднесоа група од дваесетина мали акционери – домашни физички лица.

КХВ трет месец нема одговори на овие прашања на јавноста.

Официјално јавноста никогаш нема да дознае зошто Алити по седум години раководење со КХВ одлучи да даде оставка и ја напушти функцијата без да ги расчисти дилемите во јавноста дали имало нерегуларности при купопродажба на акции во „Македонијатурист“.

По оставката на Алити во состав на КХВ остануваат уште четворица комисионери и тоа Васко Пејков, внатрешен член (вработен во КХВ н.з.) и надворешните членови: Деан Стојановски, Кирил Јовановски и Зоран Колев.

На овој линк https://faktor.mk/sluchaj-makedonijaturist-do-koga-kje-molchi-najpovikanata-institucija

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото