14 Декември, 2025
0.0428

Претседателката на КХВ Нора Алити на Берзанската конференција: Со изолација не може да се постигне доверба и интегритет на пазарот на капитал

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2023 11:31

Добивај вести на Viber

Денеска во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржува  дваесет и втората Годишна конференција. Овој форум на кој се анализира што донесе 2023 година и како понатаму да се развива пазарот на капитал на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во хартии од вредност.

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии Д-р Фатмир Бесими, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.

Во оваа прилика, Претседателката на КХВ, Алити меѓу другото рече: „Во 2023 година интензивно работевме да ги финализираме текстовите на Законот за финансиски инструменти и на Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите. Очекувањата се дека многу скоро новата регулатива за пазарот на капитал ќе биде во собраниска процедура која што ке биде со одложена примена. Односно, по  усвојувањето на законите ќе имаме 18 месеци за изработка  на подзаконската регулатива и за усогласување на нашето работење. Ни претстои обемна правна реформа, која овозможува да имаме исти правила за инвеститорите и за пазарните учесници со правилата на земјите членки, засилена правна заштита и поголема транспарентност.

Според Алити, Комисијата за хартии од вредност ќе добие нови, сеопфатни овластувања какви што имаат европските регулаторни тела, со цел поефикасно справување со предизвиците од широкиот опсег на услуги и активности, предвидени со новата регулатива. Несомнено, со модернизацијата на регулативата правиме голем исчекор во правец на ЕУ интегрираноста на нашиот пазар на капитал.  Тоа е патот на успехот. За да го постигнеме, неопходно е да ја осигураме евро перспективата на земјата, како најсилна гаранција за економскиот развој , продолжи Претседателката на КХВ.

Сепак  М-р Алити истакна дека довербата и интегритетот не можат да се постигнат во изолација, само со законите и со правилата. Само доколку секоја компонента на екосистемот на пазарот на капитал – почнувајќи од инвеститорите, експертите, полиси мејкерите, регулаторот, овластените  пазарни учесници, давателите односно провајдерите на пазарната инфраструктура,  котираните компании и др., работaт колективно и заеднички, тогаш ќе го постигнеме тоа“, заклучи Претседателката на КХВ.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари