„ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДА НЕ ГО ПОТПИШЕ УКАЗОТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ“: О2 Иницијатива се крена на нозе, еве што порачуваат
Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 07:00
О2 иницијативата со реакција за новодонесениот Закон за урбанистичко планирање. Бараат претседателката Гордана Силјановска Давкова да не го потпише указот.
„Со 64 гласа „за“ и 11 „против“ се изгласаа експресно измените на законот за урбанистичко планирање.
Ниту еден пратеник не зема збор да дискутира.
Вчера попладне бевме поканети да присуствуваме на денешната комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, каде меѓу другите член е и Исмаил Јахоски од ДУИ, чиј син официјално е сопственик на нафтената компанија Пуцко Петрол, која е и градежен инвеститор. Кој апсурд, вакви лица да ни одлучуваат за јавен интерес и закони каде имаат приватен интерес.
Присуствувавме на почетокот на комисиската седница каде ги образложивме нашите забелешки и потребата ваков закон со огромни импликации по сите во државава да се носи по редовна постапка и со јавна расправа.
Но, членовите на комисијата го изгласале во целост без никакви измени, за само неколку часа подоцна да се изгласа на пленарна седница, каде министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека јавноста нема осонова за грижа, зошто тој за најголемиот дел од околу 600 урбанистички планови, кои ќе продолжат да се изработуваат по стари и неважечки закони и правилници, нема да даде согласност. Фрапантна изјава, која укажува не на почитување на законите, туку на земање на работите во свои раце и апсолутно дискреционо право. Основа за масовна корупција.
Јавно се обраќаме до претседателката на државава Гордана Силјановска Давковада не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и го врати законот на повторно разгледување во Собранието со задолжителна јавна расправа.
Испратете барање до претседателката да не го потпише указот за прогласување на овој закон“ се вели во нивната реакција.Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




