14 Декември, 2025
0.1292

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2023 09:37

Добивај вести на Viber

Од денес па сè до 14 декември, новиот паметен телефон Galaxy S23 FE ќе биде достапен за претпродажба во Македонија. Заедно со телефонот добивате и подарок - слушалки Galaxy Buds FE, кои ќе го комплетираат искуството на паметниот телефон со одличен звук. Samsung Galaxy S23 FE има посебен дизајн, супериорна камера и исклучително искуство за играње што ќе го збогати вашето секојдневие.

Во новата година со нов премиум телефон

Телефонот Galaxy S23 FE го задржува посебниот дизајн на серијата Galaxy S со нови функции како што се лебдечка камера, врвен финиш отпорен на вода и прашина (стандард IP68) и модерен екран. Користените рециклирани материјали и амбалажа обезбедуваат одржливост и функционалност. Достапен е во четири различни бои:графитна, ментол зелена, виолетова и крем, за лесно прилагодување на личниот стил на корисникот. Фотографиите и видеата оживуваат со објектив од 50 MP и оптички зум до 3x, додека функцијата Nightography овозможува одлични снимки дури и ноќе. Со функциите професионален режим на работа и режисерски приказ со вештачка интелигенција, снимањето содржина станува уште поедноставно. Со моќниот процесор, напредниот систем за ладење и долготрајната батерија, Galaxy S23 FE овозможува беспрекорно играње и проследување содржини. Динамичниот AMOLED 2X 6,4-инчен екран, кој автоматски се прилагодува на осветлувањето, дополнително го подобрува корисничкото искуство.

Нарачајте и искористете ја неверојатната понуда

Телефонот Galaxy S23 FE е сега достапен за претпродажба по предложена малопродажна цена од 41,999 МКД.[1] Во периодот на претпродажбата, заедно со овој паметен телефон добивате и подарок - слушалки Galaxy Buds FE. За оваа понуда е потребно да се регистрирате. Акцијата трае од 7.12.2023 до 14.12.2023 или до потрошување на залихите. Повеќе информации можете да најдете на тука.


За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 



[1] Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира ниту влијае на малопродажните цени на своите партнери. Партнерите на Samsung самостојно одлучуваат за своите малопродажни цени.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија