Претплатниците на ВИП со мобилен може да платат билет во ЈСП
Објавено во: Македонија 12 Април, 2017 11:50
ЈСП СКОПЈЕ информира дека после успешното тестирање на системот, од денес, 12.04.2017 година, во функција ќе биде ставено и плаќањето со мобилен телефон за претплатниците од ВИП операторот.
Со ова се комплетира можноста на сите граѓани да можат да ги користат услугите на јавното претпријатие, со што се овозможува полесно плаќање на билетите и за оние лица кои не толку често го користат јавниот превоз.
Оваа услуга ќе може да се користи откако ќе се активира услугата. Поточно, прво се праќа бесплатна СМС порака на бројот 14 11 14, со текст START, со што оваа услуга станува активна. Активацијата се прави еднократно.
Кога веќе претплатничкиот број е веќе активиран, плаќањето се врши само со вртење на бројот 185. Откога ќе се добие сигналот, телефонот се доближува до валидаторот. Плаќањето трае неколку секунди, со што претплатникот добива повратна СМС порака дека плаќањето е успешно. Оваа порака, корисниците на јавниот превоз се должни да ја чуваат до крајот на нивното возење.
Исто така, известуваат дека за корисниците на броеви од Македонски Телеком дека овој оператор ја исклучи активацијата за оваа услуга, што значи дека граѓаните немаат потреба од активирање на истата, туку веднаш можат да пристапат кон плаќање на билетот во автобус со вртењето на бројот 185.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




