08 Мај, 2024
0.0236

Пресврт во случајот Агрокор-Меркатор станува руски?

Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Окружниот суд во Љубљана ја потврди жалбата на Сбербанка и ја отфрли валидноста на Lex Агрокор за Словенија.

На тој начин, руската банка ќе може да го побара Меркатор во замена за долгот на Агрокор, пишува Seebiz.

Lex Агрокор, по кој хрватските власти го презедоа управувањето со големи долгови на концернот Агрокор, според мислењето на Окружниот суд во Љубљана, не го почитува принципот на еднаков третман на доверителите.

Начинот на спроведување на реструктуирањето на Агрокор, кој го избра Хрватска - т.н. материјална консолидација - ги изедначува депонентите кои се на различни позиции.

По Lex Агрокор, доверителите кои имаат побарувања кон подобро стоечките делови на конгломератот на Агрокор ќе бидат плаќани помалку од вообичаеното, а оние кои имаат побарувања од лошите компании во рамките на групата, во рамки на концернот ќе бидат плаќани повеќе отколку што би биле.

Ова е во спротивност со словенечкото стечајно право, и бидејќи Агрокор има доверители и средства во Словенија, Окружниот суд во Љубљана не ја признава важноста на Lex Агрокор за Словенија.

Судот ја потврди одлуката врз основа на жалбата на руската Сбербанка, или словенечката филијала на Сбербанка. Сбербанка е доверител на Агрокор и сака да го заземе Меркатор, кој е еден од оние делови на Агрокор кои работат подобро.

Доколку во Словенија би важел Lex Агрокор, вонредниот управник на хрватскиот концерн Анте Рамљак  би можел да го продаде Меркатор и приходите да ги подели со своите кредитори, вели за Дневник професор на Правниот факултет во Љубљана Миха Јухарт. Сега најверојатно Сбербанка ќе се обиде да стекне поголем дел од Меркатор на суд.

Претходно, Сбербанка презеде 18,53 отсто од акциите во сопственост на холандската компанија Агрокор Б В.

Словенечката влада поднела жалба против Lex Агрокор во Словенија, но судот ја отфрлил поради недостаток на правен интерес. Владата тврди дека Lex Агрокор ќе има негативно влијание врз суверенитетот, безбедноста или јавниот интерес на Словенија.

„Во секој случај, целта што ја имаме е поставена“, изјавил словенечкиот министер за економија, Здравко Помивалшек, за агенцијата СТА. „Одлуката на судот, според мое мислење, му дозволува на Меркатор да се стабилизира побрзо и поефикасно“, додава тој.

Тој рекол дека не може да разговара за идните потези на Сбербанка, но призна дека сега доверителите на Агрокор ќе можат да бараат исплати од делот на Агрокор во „Меркатор“.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград