ПРЕМНОГУ ХАОТИЧНО: Грчката влада не го прифати името „Илинденска Македонија“
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2018 20:01
Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“. Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:
„Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.
Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби подршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.
На Самитот во Софија, Ципрас се согласил со предлогот „Република Илинденска Македонија“.
Премиерот Заев по лидерската средба рече дека овој предлог е можен компромис за спорот за името и дека со пакетот решение се зацврстува идентитетот и јазикот кој останува македонски. Тој упати и порака до Грците дека со ова решение се прави и јасна дистинкција од регионот Македонија во Грција.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




