Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот
Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2025 10:12
Супермарт Македонија, како дел од Естонската групација Иуте, веќе втора година поставува нови стандарди на пазарот за онлајн трговија, со визија целосно да ја револуционизира е-трговијата преку иновативни решенија, грижа за корисниците и посветеност кон имплементирање на најновите светски трендови.
Како што велат тие, едноставен и безбеден шопинг, врвна технологија, но пред се, уживање во шопингот, било кога, било каде и на флексибилен начин.
Супермарт ја има привилегијата како дел од естонската групација Иуте, да бенефицира од веќе докажани интегрирани светски модели кои се сега тука на дофат на корисниците и граѓаните, флексибилни услови на плаќање и модел овозможен преку “Купи сега, плати подоцна”.
Компанијата годинава е номинирана во 5 категорииод страна на Асоцијата за е-трговија, а на темата актуелни пазарни случувања и плановите на Супермарт, разговараме со Роберт Тодоровски, Извршен директор на Супермарт Македонија.
Изминативе две години наметнавте сосема нови стандарди во делот на е-трговијата, успеавте да креирате позитивен импакт на пазарот и да ја стекнете довербата кај граѓаните. Како започна приказната и како го изодевте патот?
Започнавме со јасна визија – да ја донесеме докажаната методологија и модел на Иуте Групацијата во Македонија, користејќи ги веќе применливите технолошки решенија и напредната естонска дигитална експертиза.
На почетокот се соочивме со предизвици поврзани со локалната пазарна динамика, довербата на потрошувачите и логистичките процеси, но ентузијазмот на нашиот локален тим, поддршката од Иуте, како и брзорастечката база на клиенти ни помогнаа брзо да се адаптираме. Денес, со успешна имплементација на технолошките системи, значително проширен каталог и докажана ефикасност на маркетинг каналите, гледаме стабилен раст и уште поголеми можности за иднината.
Брендот Супермарт сам по себе е ветување за едно напредно иновативно шопинг искуство. Што се разликува од останатите е-commerce платформи?
Нашата уникатност доаѓа преку комбинацијата на ексклузивни понуди, најсовремени технолошки решенија и едноставност во целокупниот процес – од пребарување до испорака.
Она што особено нè разликува е интеграцијата на напредни финансиски опции, како што е моделот „Купи сега, плати подоцна,“ кој го овозможуваме преку партнерството со Иуте. Ова решение им овозможува на клиентите брзо и лесно да го добијат она што им е потребно со флексибилни услови на плаќање, зголемувајќи ја нивната куповна моќ и доверба во платформата.
Иновацијата е во сржта на Супермарт – постојано работиме на унапредување на корисничкото искуство преку автоматизирани системи, безбедни трансакции и персонализирани препораки. Нашата платформа нуди интуитивен дизајн и брза испорака, со цел максимално да ја олесниме секоја купопродажба.
Дополнително, Супермарт проактивно ги искористува можностите на пазарот, креирајќи вредност преку проширен асортиман, конкурентни цени и ексклузивни кампањи. Нашиот фокус е секогаш насочен кон потребите на клиентите – да им понудиме повеќе избор, поголема удобност и безбедност, што резултира со постојан раст на лојалноста и довербата во брендот.

Во ера каде што промената е единствена константа, идентично како и драстичната еволуција на очекувањата и потребите на корисниците, задолжителное да се оди секогаш чекор понапред и да се следат и имплементираат сите трендови. Како Супермарт го прави тоа?
Нашата стратегија се заснова на постојано следење на глобалните случувања во е-трговијата, воведување на најсовремените технологии и алатки, како и прилагодување кон специфичните потреби на македонскиот пазар.
Успешниот е-бизнис бара целосна посветеност, флексибилност и одговорност – токму тоа се клучните вредности на Супермарт. Ние веруваме дека вистинскиот успех доаѓа со создавање на баланс помеѓу технолошките иновации и човечката компонента – слушање на потребите на нашите клиенти, нивно едуцирање и изградба на доверба преку транспарентност и квалитетна услуга.
Дигиталната револуција, предводена од вештачката интелигенција, веќе значително влијае на е-трговијата, овозможувајќи автоматизација, персонализирани препораки и оптимизација на логистичките процеси. Во Супермарт активно работиме на интеграција на овие решенија за да им овозможиме на нашите клиенти побрзо, полесно и побезбедно купување.
Иднината на е-трговијата ќе зависи од способноста да се прифатат и применат новите можности – затоа нашата визија е насочена кон постојана надградба и иновација. Бизнисите мора да останат агилни и прилагодливи, но исто така да ги задржат своите основни вредности и да ја негуваат релацијата со клиентите. Наша цел е да создаваме уникатно шопинг искуство кое не само што ги исполнува, туку и ги надминува очекувањата на потрошувачите.
Како ја гледаш иднината на е-трговијата во следниве 10 години и како се поклопува со визијата на Супермарт?
Иднината на е-трговијата во следните 10 години ќе биде обележана со уште поголема дигитализација, автоматизација и персонализација. Технологијата, вештачката интелигенција и напредните анализи на податоци ќе станат основа за предвидување на потребите на потрошувачите и понуда на целосно прилагодени решенија. Купувачите ќе бараат брзи, флексибилни и безбедни начини за онлајн купување, а компаниите ќе мора да одговорат со иновативни платформи, интегрирани системи и подобрени кориснички искуства.
Во оваа динамична иднина, визијата на Супермарт совршено се поклопува со овие трендови. Планираме дополнително проширување на европскиот пазар, со фокус на адаптација кон локалните потреби, но со задржување на глобалните стандарди за квалитет и услуга. Нашата мисија е да ги донесеме најдобрите иновации до потрошувачите, овозможувајќи им напредно и беспрекорно е-шопинг искуство.
Со поддршката на Иуте Групацијата, Супермарт ќе продолжи да инвестира во напредни технолошки алатки – од вештачка интелигенција за персонализирана комуникација и предлози, до автоматизирани логистички системи кои обезбедуваат побрза и поефикасна испорака. Планираме дополнителна интеграција на „Купи сега, плати подоцна“ моделот во повеќе земји, овозможувајќи им на клиентите финансиска флексибилност и поголема пристапност до квалитетни производи.
Нашето мото – "Learn, Grow, and Succeed" – е столбот на нашиот успех. Веруваме дека континуираното учење и подобрување се клучот за да понудиме уште подобра услуга. Секојдневно работиме на унапредување на нашите процеси и системи, со цел да ги задоволиме и надминеме очекувањата на нашите клиенти.
Ние се стремиме кон извонредност во сè што правиме, без компромиси. Нашата иднина е насочена кон тоа да станеме еден од водечките е-трговски брендови во регионот, нудејќи иновации, сигурност и уникатно корисничко искуство кое ќе ја редефинира е-трговијата во Македонија и пошироко.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




