05 Декември, 2025
0.0312

ПРЕГРЕВАЊЕ НА КАБЕЛОТ НА ДЕФИБРИЛАТОР Е ПРИЧИНА ЗА СТРАОТНИОТ ПОЖАР - ОЈО го доби форензичкиот извештај

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2021 10:57

Добивај вести на Viber

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. 

Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.

Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.

Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

„По воочена појава на пламен, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.  Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период“, се вели во соопштението од ОЈО.

Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.

Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.

По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски