Преговори со Македонска берза: Тинекс најверојатно ќе објави јавна понуда на акции
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2018
Компанијата „Тинекс“ најверојатно наскоро ќе објави јавна понуда на акции на Македонската берза. Во моментов во тек се преговори со берзата за реализацијата на понудата, потврди Иван Штериев, директор на Македонска берза.
Јавна понуда на акции (ИПО) е вообичаена практика за собирање свеж капитал во друштвата на поразвиените пазари на капитал. Во Македонија сепак, тоа не е случај. Продажбата на акции преку јавна понуда се прави со проспект во кој се објавуваат сите податоци за работата на друштвото. Сите детали за објавата се договараат и со овластена берза.
Тинекс ќе биде едно од ретките друштва која на ваков начин ќе запише акции во земјава. Пред извесно време таков обид имаше и една домашна банка, но и покрај подготвувањето, понудата не се објави.
Македонската берза ја одржува во Охрид 19 годишна конференција.