14 Декември, 2025
0.0548

Предвременото пензионирање од догодина: Ќе му пресуди кризата

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2020 08:29

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии ќе го финализира ребалансот за годинава и најверојатно веднаш ќе почне со подготовка на буџетот за следната година. Станува збор за буџет кој треба да ги решава проблемите од економската криза, но и да ги вметне и преку него да се остварат дел од ветувањата кои беа во програмата за работа на новата Влада. Од неа, најавените пензиски реформи најмногу ја разбрануваа јавноста, но според наши информации уште нема конкретни анализи и законско решение за можноста за предвремено пензионирање. Се прават модуси само како да се примени законски задолжителното пензионирање на 64 години за мажи и 62 за жени. 

Од Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување за Фактор велат дека нема никаква активност, но не сакаа да коментираат. Директорот Шаип Зендели вели дека нема конечни законски измени и затоа не може да каже било што. Сепак измените секако треба да следуваат по анализа во која ќе е вклучен и Фондот но се тврди дека нема најави. 

Можноста за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, ја најави Владата во новата програма за работа од 2020 до 2024 година. Во програмата не беа наведени рокови ама се тврдеше дека тоа ќе биде од 2021 година. Сепак дали идниот буџет ќе го издржи овој „товар“ допрва ќе се прават пресметки. 

„Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија. Зајакнување на улогата на старите лица во локалните заедници и обезбедување услови за вклучување во јавниот живот, стои во програмата. 

Владата во програмата се обврза на нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија

Инаку во делот кај рационализација на администрацијата, Владата најави задолжително пензионирање по навршени 64 и 62 години, но за тоа се поделени мислењата дали би било уставно ако важи само за администрацијата. Во моментов се прават дополнителни анализи.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година