26 Април, 2024
0.0313

Предупредување: Снабдувањето со гас во Македонија е пред колапс!

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Првиот човек на гасната компанија ГА-МА, Ратко Манов денеска обелодени дека фирмата се наоѓа во тешка ситуација, поради лошо планираниот енергетски биланс. „Нашиот ценет нов потрошувач ТЕ ТО, комбинираната гасна централа која во моментот не работи и не произведува електрична и топлинска енергија во изминатиот период ги направи најголемите проблеми во транспортниот систем ГАМА“ вели Манов. Имено регулаторната комисија за енергетика ги уважила податоците од ТЕТО, дека ќе поторши околу 350 милиони кубни метри гас. Од нив, вели Манов, ние транспортиравме само 66 милиони и тоа ни направи сериозен проблем.

- Дојде и тоа време кога ние се наредивме во банките за да земеме кредит за да го опслужуваме системот во експлоатација заради вас ценети потрошувачи, но веројатно тоа ќе потрае уште малку, и ќе бидеме принудени да ве известиме за она што нам ни се случува и ќе бараме „чаре“ на друго место. Овде сакам да потенцирам гледајќи ги табелите, не сакам да покажувам со прст што направиле господата од ТЕТО, какви податоци напишале, но ви иднина јас ќе инсистирам, не само на вакви собири, туку и кај регулаторната комисија за енергетика доколку ги вградува овие желби на потрошувачите, тогаш како што велат Русите: Повелете платете го закупот на тие количини во цевководот за да не страдаат другите потрошувачи, нема проблем, тогаш може, цената ќе биде регулирана врз основа на тие количини и ќе може да фунцкионираме нормално. Доколку тоа не се случи, тогаш ние се доведуваме како транспортна фирма односно управувачи на системот за транспорт во Македонија да колабираме, а тоа ќе се одрази на сите потрошувачи и на стопанството во Реублика Македонија, изјави Ратко Манов, директор на претпријатието за гас ГА-МА.   Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица