27 Април, 2024
0.0275

Започнува празничната магија во СОС Детско село

Предновогодишно дружење на вработените од Пивара Скопје со децата во СОС Детско Село

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село изработуваа новогодишни украси и честитки, на заедничко дружење кое помина во одлично расположение и атмосфера исполнета со многу топлина и радост. Oние честитки кои ќе бидат заеднички прогласени за најдобри ќе бидaт употребени како корпоративна новогодишна честитка на Пивара Скопје.

Заедно со волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село, во новогодишната работилница учествуваше и Наја Калогераки, директор за односи со купувачи и комерција на групацијата Coca-Cola HBC, која изјави: „Ова за мене беше прекрасно искуство кое ме исполни со многу позитивна енергија. Навистина се чувствувам привилегирано што можев да учествувам во оваа активност на волонтерите од Пивара Скопјеи да се дружам со овие прекрасни деца“.

Националниот директор на СОС Детско Село Јулијана Гапо истакна дека ваквитедружења се одличен начин за почеток на предновогодишната празнична магија. „Среќни сме што ваквите посети и дружења со вработените од Пивара Скопје стануваат традиција. Ова дружење е дел од многубројните активности што во текот на целата година ги организира компанијата, а во кои се вклучени децата и младите поддржани од нашата организација. На таков начин, заедно со финансиската поддршка што ни ја доделува секоја година, Пивара Скопје и нејзините вработени покажуваат континуирана грижа, што ги прави наши вистински посветени партнери“, вели Гапо.

Ова предновогодишно дружење е петтата активност што ја организира Пивара Скопје оваа година, во која активно се вклучени и децата и младите поддржани од СОС Детско село. Покрај заедничките дружења што се организираат во текот на годината, младите поддржани од СОС Детско село се вклучени и во бесплатните обуки за млади од компаниската програма „Вештини за успех“, како и во годинешната еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар што ја организираше Пивара Скопје, заедно сопартнерите.

„Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка за заедницата и на општествено одговорните активности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме трајно посветени. Во рамки на ваквото делување, продолжуваме и со организација на волонтерски акции преку кои како поединци - вработени во Пивара Скопје, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Особено се радуваме на средбите и дружењето со децата во СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти“, изјави Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.

СОС Детско село е меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици. Националната асоцијација на организацијата во земјава е основана во 2001 година, а во нејзини рамки функционираат низа програми и проекти кои целат кон унапредување на грижата и поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во социјален ризик.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“