Предавник и политичка проститутка - вака Русите го навредуваат Вучиќ
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2022 17:42
„Марионета, предавник“; вака Русите го навредуваат српскиот претседател Александар Вучиќ поради осудата на анексијата на украинските региони.
Неколку видни Руси го нападнаа Вучиќ.
„Русите се многу лути на Вучиќ. Србија беше меѓу оние кои гласаа против Русија, а Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија“, иронично напиша на својот Твитер профил еден од најжестоките пропагандисти на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Соловјов.
Тој објави фотографија од српскиот претседател Александар Вучиќ како со наведната глава седи на столчето спроти тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа, пишува „Јутарњи лист“.
Србија во Генералното собрание на ОН гласаше за осуда на Русија за анексија на четири украински региони – Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје.
ЕУ веќе и забележува на Србија затоа што таа е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија, по руската инвазија на Украина. И во Србија дел од политичарите рекоа дека треба да изберат каде ќе се движат во идните 100 години и дека сега е полесно за разлика од порано да се каже „не“ на Русија.Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




