15 Декември, 2025
0.3495

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

Објавено во: Економија 27 Септември, 2023 07:37

Добивај вести на Viber

Колку новиот бран поевтинувања на цените на пијалоците ќе придонесе да се намалат трошоците на граѓаните? Дали тие веќе го чувствуваат ефектот од поевтинувањето на дел од прехранбените производи или напротив мерките имаат минорно влијание?

И покрај фактот што Владата ги замрзна цените на 100тина производи од повеќе категории, граѓаните велат дека со ова не се ублажуваат семејните трошоци, кои одамна ги надминаа семејните примања.

-  Нашето семејство брои три члена. За родители со едно дете имаме помалку трошоци од семејства со две деца, но сепак, платите не се доволни. Иако се забележуваат новите цени во маркетите, сепак, ако на основните производи цените се намалени, на оние кои не се опфатени во акцијата, цените се зголемени. Сите сме свесни дека пред да почне ова ценовно лудило со само три илјади денари имавме преполни кеси и храна за цела недела, со сите потреби. Денеска со три илјади денари одвај една кеса полниме – вели триесетгодишната Јована П. од Скопје.

Таа не е единствената која негодува околу намалувањата. И повозрасните граѓани сметаат дека поевтинувањата се минорни, особено ако се земе предвид дека се што се продава во маркетите има повисоки цени од претходно.

-  Нема производ кој не поскапе, од храната, преку пијалоците, до средствата за домаќинство, хигиена, се што е потребно во едно домаќинство. Иако сме двајца пензионери со една солидна и една очајна пензија, одвај ги покриваме трошоците. Не знам како се снаоѓаат луѓе со две или една мала пензија. Овие примања одат само на лекови, на старост, за жал најмногу се троши за лекови, па сега поскапувањето значително ни ги влоши пресметките. Не остануваат средства да им се помогне на децата, сите се мачиме да го истуркаме месецот – посочи нашата соговорничка и дополни дека треба да се зголемат и платите и пензии, а особено малите пензии кои не се доволни за преживување.

За потсетување, Владата најави дека од денеска низ маркетите ќе поевтинат и пијалоците, меѓу кои пивото, водата и домашните сокови за 10 проценти. Дополнително, премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе биде ограничена и профитната маржа за овошјето и зеленчукот, со цел зачувување на животниот стандард на граѓаните. Притоа во трговијата на големо маржите ќе изнесуваат 10 проценти, а во трговијата на мало маржите ќе бидат 15 проценти

-  Донесовме одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените до 30 проценти во однос на овие производи. Мерката ќе биде објавена во Службен весник и стапува на сила од утре. Следат мерки за намалување на увозните давачки за свеж зелечук, ориз, лимони, портокали и мандарини, како и намалување на царинските стапки за млечни производи со масленост над 10 проценти. Овие одлуки ќе бидат донесени и објавени наредните денови и ќе бидат спроведени во пракса – кажа Ковачевски.

Мерки на Владата ќе важат до 30 ноември, а за нивно евентуално продолжување ќе се одлучува во зависност од ситуацијата.

П. О. 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година