Празничен карантин: 85-часа нема движење
Објавено во: Македонија 17 Април, 2020
Од денеска во 16.00 па се до вторник изутрина
во 05.00 часот ќе трае најдолгата рестрикција на движењето на граѓаните. Одлуката за
85-часовен карантин ја донесе Владата како една од најригорозните мерки за
спречување на ширењето на епидемијата на корона вирусот. Од вчера е продолжена
и вонредната состојба, која, како што информираше претседателот Стево
Пендаровски ќе трае уште 30 дена.
И премиерот, Оливер Спасовски, кој во моментов е во карантин поради контактот со кумановскиот градоначалник, апелираше, оваа година за Велигден да се помолиме дома, а не во црквите.