26 Април, 2024
0.0281

ПРАВЕНИ СЕ ФИЛМОВИ ДЕКА ЛУЃЕТО НЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ПРИТВОР - пак се појави бомба за Заев

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Бомбите, односно нелегално снимените аудио разговори кои се пласираат во јавноста, не престануваат. На јутјуб канал со наслов „Слушне вистина“ се појави аудио снимка во која се слуша гласот на лидерот за СДСМ, Зоран Заев, во која споменува дел од предметите кои ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Во дел од разговорот Заев ги споменува предметите на СЈО, како и дека по 30 јуни 2017 година прислушуваните разговори што тој ги објавуваше нема да важат. Тој дел од разговорот е во контекст на преговорите кои се водеа за новиот Закон за јавно обвинителство што имаше за цел да го реши статусот на СЈО.

„Доаѓаа два-три пати тука кај мене. Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стигне е таа одлука. Доле гледа зезаат, основни, не знаат како да постапат… Ние политички многу не смееме заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме, дека материјалите важат до 30 јуни 2017. Финито, готово. Тоа и за ДУИ е важно и тоа е едно од решенијата што ги имаме“, е дел од разговорот.

Наводно, во објавениот разговор, Заев вели и дека по 30 јуни остануваат живи само 18 предмети. Споменува и гласање во парламентот, а во нејасен контекст ги споменува и Оливер Спасовски, и Радмила Шекеринска.

„Се знае што се прави позадински. На пример, што правам јас, ако правиш за сите ќе правиш. Генерално сум поставил став против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам, треба тоа во парламентот или не треба, ако сакате се откажува од парламентот. ‘Не, не’ рекоа, важно е тоа во парламентот, врзани ми се пратениците, погодил човекот…“, е дел од од овој разговор. 

Во дел од разговорот повторно се слуѓаат имињата на Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Катица Јанева. Се вели дека сите што се чинители тука, знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки. „Филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имаат дела, нека си одат делата понатаму и готово“, е дел од нелегално снимениот аудио разговор. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“