ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор
Објавено во: Економија 25 Април, 2025 09:52
Овој петок во бизнис муабети на Фактор.мк наш гостин бизнисменот Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС. Колку е вносен бизнисот со транспорт на пратки од Амазон, Тему и други.. Колку приватните пошти ја гледаат како конкуренција Македонски пошти? Колку приватни пошти функционираат во Македонија и колку милиони евра се вратат во овој бизнис. Гледајте денеска на Фактор.мк и на youtube каналот бизнис муабети заедно со Мишко Иванов.
Светска банка има најточни податоци за случувањата во светот, и тие извадија индекси дека Македонија е една од најслабите држави и во регионот, нормално и во Европа, по сервисни услуги. Гледајќи ги сите сервисни услуги, ми се допадна ова, бидејќи има иднина. Гледам што се случува во развиениот свет, денеска тоа го правиме ние. Луѓето не одат во продавница, туку продавниците ги носиме кај луѓето. Тоа е и еколошки, и се намалува времето, како и трошокот, а можат да направат и подобар избор. Недостигаат уште некои елементи за да бидедме на некакво ниво како што е развиениот свет. Но, ние успеавме да се наметнеме и да го заземеме водечкото место, односно го држиме повеќе од 50 отсто од пазарот во Македонија, и тоа не само една, туку повеќе години, вели Гешовски во разговорот за Бизнис муабети на Фактор.
Единствени сме на Балканот што доставуваме пратки од Кинезите, бидејќи тие се платени и има можност за голема злоупотреба. Ние, пред да ја добиете вашата пратка, ви стигнува еден код за верификација, кој треба да ни го дадете, за да потврдиме дека вашата пратка го добила сигурносниот код. Курирот не го знае тој код, него го генерира централата, односно системот. Односно, имаме методологија, техника, софтвер систем, кој се разликува од другите, нагласува овој бизнисмен.
Следете го поткастот на Фактор
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




