15 Декември, 2025
0.3384

ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ ЗЕМА 28 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД КОЛЕГА ВО ХРВАТСКОТО – опозициската Левица бара законски измени

Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2025 09:41

Добивај вести на Viber

Пратениците од редовите на политичката партија Левица во Собрание доставија предлог измени на Законот за пратеници, со кои бараат да се ограничи сумата која можат да ја подигнат пратениците за патни трошоци. Во образложението на измените доставени до останатите пратеници тие укажуваат дека пратениците од македонското Собрание наплаќаат значително повисоки суми за патни трошоци во споредба со пратениците во нашето соседство или пак со пратениците во Хрватска и Словенија.

- Потребата од ова законско решение е поради досегашните енормни суми на надоместоци кои им се исплатени на пратениците во Македонија. Па така, историско-компаративната анализа за просечните исплатени патни трошоци за пратеник направена за регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан (Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово), во периодот 2010–2016, говори дека македонски пратеник просечно земал вкупна сума од 40.000 евра патни трошоци – сума која е за 4.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Словенија; 21.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Бугарија; 28.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на патеник во Хрватска и 34.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Косово! – пишува во законското решение доставено во Собранието.

Претставниците на Левица посочуваат во предлог измените дека пратеничката функција е „народна служба“, а со оглед на висината на месечните примања на име плата кои ги добиваат пратениците во однос на мнозинството граѓани кои работат за „минимална плата“, која е пет до шест пати помала од пратеничката, износите кои пратениците ги добиваат на име на патни трошоци за службени потреби во изминатите години се нереални и често на месечно ниво достигнуваат и до три „минимални плати“.

- Со цел „народните претставници“ да се доближат до граѓаните кои ги претставуваат, реална е потребата да се ограничи пратеничкото право на надоместок за патни трошоци, кое честопати се злоупотребува – се укажува во законското решение.

Пратениците појаснуваат дека со Законот за пратениците се уредуваат прашањата на извршувањето на функцијата пратеник, како и правата и должностите на пратенците во Собранието на РМ.

- Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок во износ не поголем од продажната цена на шест ипол литри гориво, просечно потребни за изминат пат од 100 километри. Предвидената и планирана битна измена на законот е сублимат од поправичната уредност на оваа правна област во некои од земјите-членки на ЕУ – се нагласува во предлог измените доставени во Собранието.

Воедно пратениците укажуваат дека целта на предлог-законот е да се намалат трошоците од Буџетот, како и зголемување на заштедите на одредени буџетски финансиски средства кои се даваат на име „патни трошоци“.

- Предлог-измената одговора на реалните состојби во државата, пратениците кои живеат надвор од главниот град, со оглед на нивните месечни примања и понатаму непречено ќе можат да одговорат на своите работни обврски, а притоа истите да не се стекнуваат со нереално големи суми на име патни трошоци– нагласуваат од Левица.

Од партијата додаваат дека предложените измени ќе овозможат значително намалување на средствата за надомест на патните трошоци што им се исплаќаат на пратениците што живеат надвор од Скопје, а патуваат со сопствени возила.

- На тој начин ќе се заштедат значителни сума пари од Буџетот на РМ и ќе се намалат неоправданите привилегии кои ги уживаат пратениците, наспроти другите работници. Очекуваните резултати се дека со ова ќе се унапреди еднаквоста во правата од работен однос кои ги уживаат вработените, било од јавниот, било од приватниот сектор – се нагласува во предлогот доставен пред пратениците.

Претставници на Левица и претходно бараа измени на законите и целосно укинување на „патните трошоци“. Но, законските измени кои ги предложија во Собранието во претходниот мандат беа одбиени од колегите.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари